СОНК: Власта крои стратегија без вклучување синдикатите за новата учебна година

Власта крои стратегија без вклучување синдикатите за тоа дали децата ќе се вратат во школските клупи во септември, обвинуваат од СОНК. Првиот синдикалец рече дека образованието мора треба да биде врвен приоритет за сите. Остануваат на ставот дека децата мора добијат квалитетно образование без разлика на пандемијата.

Бараат синдикалците да се ослободат од стегите на секоја власт.

Од Министерството за образование велат дека се уште било рано и не можело да се предвиди однапред состојбата со вирусот. Правеле стратегија за електронско учење. Како опции остануваат воведување повеќе смени, помалку деца во училница и слично.
Процесот за новата учебна година ќе биде особено тежок за првачињата, за децата кои ќе бидат 6-то одделение и за средношколците од прва година, кои првпат ќе треба да се сретнат со нови наставници.

Ниту МОН, ниту Бирото за образование немаат стратегија за следната учебна година. Велат сега изработувале документ за развој на систем за далечинско учење.

Родителите неколку месеци критикуваа дека децата потешкиот наставен материјал можат да го совладаат директно од наставниците. Голем дел на ученици од руралните средини немаа ни компјутери а камо ли интернет, за да следат он-лајн настава.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста