СОНК: Владата одлучи без нас за укинување на правото на исплата на додатоци и надоместоци на плата

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура денеска реагира на начинот на кој е донесена уредбата со која на корисниците на буџетски средства им се укинува правото на исплата на додатоци и надоместоци на плата. Според СОНК, платите и надоместоците на плата се уредуваат со закон и колективни договори и овие акти не смеат да се суспендираат дури и во вонредна состојба. – Иако се наоѓаме во вонредна состојба, тоа не значи дека одредбите од законите се суспендирани и дека уредбите што ги носи Владата ќе се темелат исклучиво врз база на еднострана проценка. Од тие причини бараме, при носење на уредби со кои ќе биде намалена социјалната сигурност на работниците и другите права, да се почитуваат законите, особено законот за работни односи, законите за дејности и колективните договори. Впрочем, платите и надоместоците на плати се уредуваат со закон, колективен договор или договор за вработување, па дури и во вонредна состојба овие акти не смеат да се суспендираат, истакнува СОНК.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста