СОНК: Одлуката само дел од амнинистрацијата да земе К-15 ќе создаде внатрешна тензија

K-15 ќе има,но не за сите- Вработените во полицијата, науката, културата и другите установи иако се дел од јавната администрација нема да се офајдат.
На ова остро реагираше СОНК, претседателот Јаким Неделкоски за Алфа предупреди дека оваа состојба ќе создаде тензија во администрацијата. Реагира дека јавните установи што нема да земат к-15 се фрлени на страна во однос на правото на користење на буџетските пари.
Излезот од оваа состојба го бараат кај Министерката за труд и социјална политика во техничката влада Рашела Мизрахи. Инсистираат таа да преземе чекори со кои ќе ги заштити нивните права и ќе ја спречи дискриминацијата.
Почитувана г-ѓа министер, ви се обраќаме на Вас, иако сме свесни дека Вие најмалку сте виновна за ваквите состојби во јавниот сектор, но факт е дека сега Вие раководите со МТСП и реални се нашите очекувања. Вработените во образованието науката, културата не сакаат и нема да дозволат да се чувствуват дискриминирано, стои во реакцијата.
Алфа ја праша и министерката што ќе преземе и дали таа како технички министер во Владата мое да решава ваков вид проблеми. Од нејзиниот кабинет не информираа дека таа го разгледува прашањето. Министерката сакала детално да го разгледа случајот, но и да го разгледа уставот пред да преземе мерки.
По ваквата одлука на Владата, која предизвикува реакции и револт кај останатите во јавниот сектор, министерката за финансии топката ја префрли на Министерството за информатичко општество и јавна администрација, односно министерот Дамјан Манчевски, кој според одлуката на Владата ќе треба да стави потпис на колективниот договор со синдикатот на УПОЗ, управата и правосудните органи, кои ги добиваат бенефициите.
Ангеловска го коментира само финансискиот ефект од оваа половична мерка:
„Во однос на средствата буџетските корисници во своите определени буџети ќе треба да си ги распределат и да си ги обезбедат овие средства со цел да може да се изврши исплатата на к-15 или регрес, изјави таа.
СОНК предупредува дека ако не се реши оваа ситуација ќе се употребеле сите расположливи синдикални средства, вклучувајќи ги и најрадикалните.
Симона Србиноска