Oд Синдикатот на образованието (СОНК) бараат скалеста корекција на сите плати. Вака поставеното решение го сметаат за политички маркетинг кој ќе предизвика проблеми за сите.

Договорот за минимална плата е политички потег и треба итно да се преговара за усогласување на другите плати, вели во разговор за Алфа претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

  • Станува збор за политичка одлука на задоволство на 13,7 % од работниците, а останатите 86,3% се прашуваат дали конечно ќе профункционира правната држава и дали законот за минимална плата ќе се почитува во целост, додава Неделков.

Според бодувањето и порамнувањто, во градинките и во училиштата работниците треба да земаат иста плата, раководители, хигиеничари, што по мене никако не смее да биде така, вели првиот човек на СОНК.

  • Мислам дека ова е класичен пример на урнисување на платниот систем, непочитување на законите, колективните договори. Ако веднаш не почнат преговори за усогласување на платите со колективните договори, СОНК и КСС ќе донесат одлука за преземање на радикални синдикални активности, потенцира Неделков.    

Со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, разговараше Борис Грујовски. Еве дел од разговорот.

Advertisements