СОНК дециден: Генерален штрајк почнува, Владата нека го одврзе ќесето за да продолжи наставата

Наставниците, професорите, воспитувачите, од утре нема да прифаќаат деца и ученици – стапува на сила генералниот штрајк на Синдикатот за образование, наука и култура. По неуспешните обиди да допрат до власта, која нема слух за нивните барања, штрајкувачите од утре ќе бидат во посебни простории во училиштата и градинките, и нема да ја извршуваат  својата воспитно-згрижувачка дејност. Законски, никој нема право право да ги присилува наставниците и воспитувачите кои штрајкуваат да се вратат на работа.

„Апелирам до владата што побрзо да не повика на преговори, да сфати дека со ваков однос кон вработените кои се од витално значење за државата не се оди никаде, да не повикаат да најдеме заедничко прифатливо решение. Владата што поскоро да го одврзат ќесето, да ги исполнат барањата на синдикатот и што поскоро да започне наставата“,нагласи Неделков.

Од Министерството за образование пак, велат дека настава мора да има, а истата се прекинува само во онредни околности. Сепак, е нејасно кој би ја реализирал наставата, и дали и како МОН најде заменски наставници.

Правната регулатива во оваа област ги штити интересите и на учениците. Прекин не смее да има, освен во услови на вонредни околности како постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди, за што одлучува Владата и го уредува начинот на организирање и реализирање на наставата до крајот на учебната година – информираа од МОН.

И од Министерство за труд и социјала со истиот став.

Сите предучилишни установи ќе продолжат да ја обавуваат својата дејност згрижување и воспитание на децата и во деновите на најавениот штрајк, како и досега. Во согласност со Конвенцијата за правата на детето, одредбите во Уставот и Законот за заштита на децата, неприкосновено право на децата е да им биде пружено згрижување и воспитание во предучилишни установи како облик на заштита на децата – информираа од МТСП.

Од СОНК велат одгворноста за прифаќање на учениците ќе падне на директорот на установата, и доколку најде заменски работници, ќе може да функционираат непречено, сепак, остануваат на ставот дека не смеат да се откажат од штрајкот преку кој уште еднаш ќе побараат од владата покачување на платите за 18% и почитување на колективните договори.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста