Сомнителен пакет пратен во ресторанот на Де Ниро, сите луѓе се евакуирани

Сомнителен пакет е пратен во ресторанот на познатиот актер Роберт Де Ниро во Њујорк.

Пакетот беше ист како и оние пратени на адресите на поранешниот претседател на САД, Барак Обама и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.

Ресторанот, како и зградата покрај него се евакуирани поради претпазливост.

Инаку, вчера беа пресретнати и откриени седум пакети кои биле упатени на адреси на политичари и медиуми.

Неименуван американски полициски службеник изјавил дека пакетите бомби кои биле откриени во текот на вчерашниот ден содржеле прав и скршено стакло во цевките од ПВЦ материјал долга 15 сантиметри и излепени со црна трака.