СОЛСКЈЕР ВЕЛИ “БЛИСКУ СМЕ ДО УСПЕХ“ И НЕ МУ ПАЃА НА ПАМЕТ ДА СИ ЗАМИНЕ ОД ЈУНАЈТЕД

Оле Гунар Солскјер нема намера да поднесе оставка, своеволно да си замине и ќе сочека да биде избркан, па и соодветно обесштетен. Тој по страдањето на Манчестер Јунајтед против Ливерпул во кој составот од Олд Трафорд дома загуби со 5-0 излезе со чудна изјава во која прво призна дека полошо од ова не може да биде, а потоа дека тој и екипата се дојдени премногу блиску до успехот и дека нема намера да се предаде сега. Колку Норвежанецот е далеку од реалноста можеби најдобро говори неговото видување на мечот. Креиравме шанси, но не ги искористивме, а тие нивните да, а клучен беше третиот гол-рече Солскјер кој според статистиката е најлошиот тренер во новата историја на Јунајтед.