Сoјуз на средношколци: Средните училишта бараат пари од учениците за свидетелства

Министерството за образование постојано повторува дека прави се во интерес на учениците, но вест од денеска ги демантира нивните изјави. Имено, сојузот на средношколците информира дека изминатите неколку дена до кај нив стигнуваат поплаки од средношколци од повеќе градови во Македонија дека средните училишта пак им наплаќаат такси за издавање на свидетелства. Од 30 па до фантастични 200 денари им биле барани на учениците, идентично како и лани. 




 

Реагираат од МОН. Училиштата не смеат да наплаќаат такси на родителите и учениците за издавање на свидетелствата, за што од страна на министерството за образование и наука им беше укажано со писмен допис уште пред крајот на учебната година. -педагошката документација потребна за крајот на учебната година се обезбедува од бирото за развој на образование при што секое училиште добива и дополнителни 5% во случај на грешки и слично стои во реакцијата на мон. Барањето пари од учениците е спротивно на уставот и законите и Државниот просветен инспекторат ќе постапи во училиштата кои биле исклучоци.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста