Социјалните работници фрлени „во оган“

Здравјето на социјалните работници “фрлено во оган” од страна од Министерството за труд и социјала. Тие се жалат од новата наредба на министерката Шахпаска – вработените во центрите за социјални работи во ек на пандемија да влегуваат во домовите на барателите на социјална помош и да ја утврдуваат фактичката состојба, што пред изборно не било пракса. Алфа дојде до документот испратен до Центрите за социјална работа, во кој на вработените јасно им се наложува:

 “Да ги контактирате корисниците непосредно преку увид во домот.” – се вели во дописот.

Загрижени за своето здравје социјалните работници се чудат како ќе ја спроведуваат мерката и како да влезат во затворена просторија каде што има повеќе лица, а особено што најголем дел од социјалните случаи се многудетни семејства. Дополнително  посочуваат дека меѓу вработените во центрите има и хронично болни, кои до пред половина месец седеа дома, а сега се изложени на ризик. Прашуваат кој им гарантира дека нема да се заразат со Ковид 9 при извршување на наредбата. И покрај документот до кој дојдовме, во кој изрично е наведено што треба да прават социјалните работници, ресорната министерка демантира.

“Јас таков документ не сум потпишала, одговорно тврдам. Во услови на пандемија ние го олеснивме пристапот а не да го искомплицираме и отежниме. Врз основа на документација, имотна состојба примања..тоа е поврзано како систем.” – изјави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Според министерката Шахпаска суштината на работата на социјалните работници била да влегуваат во домовите, но хронично болните кои работат во центрите за социјални работи кои не биле од ризична група не биле во опасност.

Aња Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста