Социјалните мрежи преполни со апели за крвна плазма, иако нема докази дека помага против Ковид 19

„Итно се бара крвна плазма од пациент кој прележал Ковид 19“. Текстови со ваква содржина се почесто се среќаваат по социјалните мрежи. Роднини и пријатели на пациенти кои со вирусот се борат низ државните клиники, во паника апелираат за помош од хуманите граѓани.

Но, Алфа од пациенти кои веќе го прележале корона вирусот, дознава оти крвна плазма се бара и за оние заразени кои не се во тешка здравствена состојба. Доктори им сугерирале на пациентите, доколку успеат да се снајдат за донор на плазма, тоа ќе било дополнителен бенефит на целокупната терапија.

Но дали навистина крвната плазма спасува живот? Оваа дилема се јави откако научници во Индија утврдиле дека примената на плазмата не резултирала со намалување на смртните случаи, ниту успеала да го спречи развојот на потешки симптоми на болеста. Голем број странски научници алармираат оти плазмата е поефективна доколку се инјектира кратко време откако пациентот ќе се зарази со ковид-19.

„Имаме третман за кој се смета дека е супер ефективен но не е така. Тоа значи дека луѓето талкаат наоколу да најдат нешто чиј импакт се уште е непознат. Тој делува само кај луѓе кои се во болница и тоа три дена по нивната хоспитализација. Многу болници одбиваат да ја користат крвната плазам се додека не излезат релевантни клинички испитувања“, вели доктор Артур Каплан, биохемичар.

„Може да предизвика оштетување на белите дробови, проблеми со дишењето. Постојат многу проблеми кои може да се јават кај една индивидуа како несакана реакција. Токму поради ова мора да се направи процес на научно тестирање за да се види дали е безбедно“, вели епидемиологот Сира Мадад.

Во Македонија до сега обезбедени со над 150 единици на конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19. Од Институтот за трансфузиона медицина информираат оти имале над 100 дарители, а повеќе од 120 пациенти со корона вирус биле третирани на овој начин. Сепак, конвалесцентна плазма не може да донира секој. Најпрво пациентите треба да добијат два негативни теста, а потоа да им биде проверено и нивото на антитела во организмот. Покрај здравствената состојба, пресудна е и возраста, да имаат помеѓу 18 и 60 години.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста