Собраниска дебата: Во чие време било позагадено, кој направи повеќе за справување со последиците?

Во чие време било позагадено и кој најмногу загадува домаќинствата, транспортот или индустријата. Која власт прави повеќе за справување со последиците, кои мерни станици се релевантни, кој купил повеќе еко автобуси. Бурна комисиска расправа во собранието по иницијатива на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но без заклучоци.

Власта смета дека во 2019 година бројот на денови кога загадувањето на воздухот било над дозволеното бил помал во споредба со минатото. Опозицијата обвинува дека од големите ветувања за борба против загадувањето ништо не е преземено.

“Бројот на денови со високи загадувања во 2019 година е намален и е драстично помал од 2012”, рече Костадин Ацевски од ВМРО-ДПМНЕ.

“Шетавте со маска за медицински цели заедно со своите сопартијци низ градот Скопје и ќе ве прашам врз основа на која аргументација шетавте? Од каде знаевте дека е загаден воздухот. Од мерните станици на кои денеска ја оспорувате нивната валидност дека биле набавени од али експрес? Или тогаш манипулиравте или сега манипулирате”, истакна Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Дел од пратениците обвинуваат за спрега на повеќе фактори за прикажување лажни податоци за загадувањето. Љиљана Поповска од ДОМ бара да се донесе закон за забрана за увоз на отпад кој се користи како енергенс.

“Постои некој волшебен круг помеѓу некои индустриски капацитети, помеѓу некои институции, помеѓу н екој инспекторат државен за животна средина, некои лабаратории приватни кои прават мерења кога нема загадување и излегува дека индустријата не загадувала. Со години докажуваме дека индустријата е најголем загадувач”, рече Поповска.

ТОНСКО:Љиљана Поповска-ДОМ

Дебатата за загадувањето се сели на собраниска седница. На расправата во комисијата немаше претставник од министерството за животна средина.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста