Собрание – седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија ќе заседаваат Комисијата за уставни прашања и Комисијата за транспорт, врски и екологија.

Пред Комисијата за уставни прашања се нацрт-амандманите 33, 34 и 35 на Уставот на РМ, додека Комисијата за транспорт ќе го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево-Охрид, по скратена постапка, во второ читање.