Со законски измени ќе продолжи изградбата на автопатот Кичево-Охрид
Со нов закон ќе се решаваат проблемите кои ја кочат изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Проблемите лоцирани на терен се бројни, од незавршена експропријација, лошо проектирани косини , појава на свлечишта и проблеми со објектите кои се наоѓаат на трасата.
Најголемиот проблем како што посочи Министерот Николоски е тоа што веќе една и пол година не се врши асфалтирање со финален слој, поради несоодневниот состав на асфалтот за потребите на теренот. Очекувањата на министерството за транспорт се дека законските измени кои ги донесе Владата, ќе влезат следната недела во Собрание со што ќе се решат најголемите проблеми. Николоски очекува дека следната пролет веќе ќе има целосно функционални делови од автопатот кој е во вкупна должина од 57 километри и достигна фантастични 598 милиони евра.
Законските измени се во делот на техничките карактеристики кои што треба да ги има асвалтот кој треба да се користи, за многу други проекти лесно е да пишувате проекти од дома или од канцеларија, тешко е да го реализирате се прилагодуваме на македонската геологијата. Откако ќе поминат законските измени да се асвалтира со финален слој, рече Николоски.
Македонија со својата инфраструктура е слепо црево на Балканот и задачата на новото министерство е да ги реши наследените проблеми.
А, нив ги има и во изградбата на автопатот кој треба да води до граничниот премин Блаце. Првите два километри ќе бидат пуштени во употреба за околу два месеци, но проблемот е во останатите 12 километри. Николоски обелодени дека станува збор за лошо проект направен по планинска траса, наместо по постојната и дека автопатот, ако така се гради би чинел дури 20 милиони евра по километар или вкупно 240 милиони. Николоски покрај активностите на Коридорот 8 и 10 кои се во главен фокус, најави и градежна офанзива на истокот.
Обезбедив 30 милиони денари за изградба на Западен булевар во Гевгелија и очекувам набрзо да започне неговата изградба. Оваа година од средства од заемот за Светска банка одобривме 10 милиони денари кои што се реализирани за селото Мрзенци, а пред неколку дена одобрив 30 милиони денари за изградба на Западен булевар Климент Охридски, што практично треба да отвори цел еден нов дел во градот, нешто што е заложба на градоначалникот од првиот ден. Тука секако се и средствата што ги определи Владата во висина од 100 милиони евра за оваа година за општините.
Николоски најави дека во соработка со ЈП за државни патишта ќе се реконструира автопатската делница од Гевгелија до граничниот премин Богородица и од Гевгелија до Неготино, додека во делот на општина Богданци се работи на изградба на обиколница.