Со закон ќе се решава правичната застапеност – крај на злоупотребите, ќе се вработуваат само најдобрите
Квалитетот и компетентноста на кандидатите пред националната припадност. Власта планира преку законско решение да обезбеди правина застапеност во институциите на сите етнички заедници, но не со злоупотреби како до сега. Министерот за дигитална транформација Стефан Андоновски, вели дека тоа ќе биде задача на Јавна администрација, а тие веќе го сториле потребното со промената да се брои само резидентотното население од пописот пред три години.
- Надлежноста ја има Министерството за јавна администрација, и во наредниот период се надевам дека ќе работат на законско, правно вообличување на темелната вредност на Уставот, соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници во Македонија. Треба да се почитува но треба да се најде начин како тој темелен принцип да не биде во колизија како што беше до сега и со изигрување на системот како што беше досега.
Андоновски кој даде отчет за сработеното во изминатите 100 дена влада, рече почнале да ги решаваат проблемите во министерството кои ги затекнале, да ја подопбруваат ит инфракструктурата и отколчиле значајни проекти поддржани од меѓународните партнери. Таков е проектот преку кој секој граѓанин добива можност место да чека на шалтер, одредена работа да ја завши преку мобилниот телефон. Како дел од оваа прва владина апликација ќе биде и дигиталната верзија за лични карти и возачки дозволи.
- „Аплицираме на програма на Европската унија која ќе ни овозможи да развиеме мобилна апликација за административни услуги. Овој проект, наречен Supper App ELI, со вредност од 1.200.000 евра, е дел од иницијативата на Дигитална Европа. ЕЛИ ќе биде револуција во пристапот до јавните услуги,“ изјави Андоновски.
Андоновски презентираше и нови 80 електронски услуги на порталот – uslugi.gov.mk. за граѓаните и фирми за што според последните информации расте заинтересираноста. Во следната година се очекува уште 100 нови услуги, кои ќе опфаќаат широк спектар на области, од административни процедури во МВР, до услуги од ПИОМ, Министерство за правда.
- „Свесни дека постоечкиот изглед на порталот за е-услуги не ги исполнува целосно потребите на граѓаните, се зафативме за сериозни подобрувања на порталот. За кратко време ќе имаме обновен портал за услуги со изглед кој е поинтуитивен и полесен за користење, кој ќе понуди нови функционалности и пристапност за лицата со попреченост и нови услуги и ќе се осигураме дека тие одговараат на реалните потреби на граѓаните.“, подвлече Андоновски.
Министерството за дигитална транформација веќе работи на нова стратегија за сајбер безбедност која се очекува заедно со првиот закон да бидат готови до крајот на годинава. Според Стратегијата, ќе има два клучни центри за одговор на сајбер инциденти, еден за јавниот и приватниот сектор – каде спаѓаат и училиштата кои најчесто беа мета на дојави за поставени бомби, и вториот центар за владината мрежа.