СО ВИСОЧИНА ОД 6.15 АРАМАНД ДУПЛАТНИС Е НОВ СВЕТСКИ РЕКОРДЕР ВО СКОК СО СТАП НА ОТВОРЕНО

Младиот шведски скокач со стап Арманд Дуплантис е нов светски рекордер на отворено откако на атлетскиот митинг од дијамантската лига одржан во Рим прескокна 6 метри и 15 сантиметри што е за еден сантиметар повисоко од резултатот на легендарниот Сергеј Бубка во Сестриере со кој владееше 26 години. Ова е не е највисокиот скок во историјата на спортот зошто Дуплантис претходно годинава на затворено два пати го подобруваше постигнувањето на Рено Лавилени. 20 годишниот Швеѓанец кој живее во САД во седум дена во февруари прво во Полска скокна 6.17, а потоа во Шкотска и 6.18.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста