Со три стента на срцето, Александар Јаневски – Тошта осуден за 27 април чека дисциплинска комисија

Со три стента на срцето, Александар Јаневски – Тошта осуден за 27 април чека дисциплинска комисија

Ниту лекови, ниту контроли од лекар, фрлен во затворската амбуланта во Штип, осуденикот од случајот 27 април, Александар Јаневски Тошта чека да оди на дисципинска комисија. Затворските власти го третираат како бегалец,  зашто не се вратил од слободен викенд , а тој бил задржан во Охридската болница поради зафат на срцето. затворската управа не го зема предвид болничкото отпусно писмо од минатиот месец, во кое стои дека на Тошта му бил вметнат стент на срцето. Сопругата Јаневска тврди дека Тошта требало да биде спроведен на постоперативен преглед во болница, но од затворот не направиле ништо.

Од Управата за извршување на санкции на Јаневска и одговориле дека нејзиниот сопруг не се третира како бегалец и не е во затворено одделение туку во амбуланта. Таа раскажува дека поради нововградениот стент на срцето што му е трет годинава, Тошта треба неколку часа да се движи, но од затворот не му дозволуват, па не и е јасно зошто никој не ја зема предвид неговата лоша здравствена состојба.

Директорот на штипскиот затвор Мики Тодоров во телефонски разговор за Алфа вели дека Јаневски не е во затворено одделение туку во амбуланта. Потврди дека лекови и инсулин му набавува сопругата, а во однос на предлогот за дисциплинска не беше сигурен дали е за наводното бегство на Јаневски кое се случило додека тој бил во операциона сала.

Пред неполн месец, кога Алфа првпат ја објави сторијата за Тошта, директорот потврди дека тој е сместен во затворено одделение согласно закон бидејќи секој можел да донесе каква било документација и да направи злоупотреба.

Александар Јаневски Тошта е осуден на 13 годишна казна затвор поради обид за убиство на тогашниот претседател на Алијанса на Албанците, Зијадин Села во нередите што се случија на 27 април во Собранието, пред неколку години.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста