Со тренинзите на Ред Бул Ринг денеска започна новата сезона во Светското првенство во Формула 1

Со два официјални тренинга на патеката Ред Бул Ринг денеска започна новата сезона во Светското првенство во Формула 1 иако главното, првата официјална трка е предвидена за недела од 15 часот и 10 минути. Во Шпилберг се присутни сите тимови и возачи од карванот, но не и публиката, а протоколите за заштита од КОВИД 19 се максимални. Ова требаше да биде натпревар од средина на сезоната во Ф-1, но светската пандемија откажа или одложи девет трки кои беа календарот пред Големата награда на Австрија. Во моментов со релативна веројатност може да се зборува за сезона од 8 натпревари иако може да бидат и повеќе, но и помалку. Во зависност од ситуацијата со корната во светот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста