Со странски пари ќе детектираме колку отрови дишеме

Откако невладината Еко – Свест го покажа извештајот кој говори дека само 30 отсто од владините мерки за справување со аерозагадувањето се исполнети, паѓаат во вода уверувањата на мининистерството за животна средина дека има план за чист воздух. Државниот инспекторат за животна средина сега најавува засилени инспекциски котроли и вонредни инспекциски надзори во сите градови.

„Просторното планирање и животната средина треба да одат комплементрано, а ми се чини мое лично мислење и на доста експерти професори, е дека во овие 27 години независност најмногу грешки се направени тому во просторното планирање и во комуналната сфера што дирекно влијае врз животната средина“, вели Дарко Бликов од Државниот инспекторат за животна средина.

Блинков кажа дека со странска донација сега ќе се прави мрежа за индикативни мерења во сите градови. Појаснува дека тоа не се класични станици какви што сега има во градовите каде веќе има огромна загаденост. Овој модел прво ќе се приминува во Охрид каде веќе се инсталирани 11 сензори на јавни објекти и 15 филтри на приватни куќи што користат јаглен, огревно дрво, пелети и нафта.

За потсетување со месеци од почетокот на годинава податоците за квалитетот на воздухот во Охрид, покажуваа енормно загадување и на езерскот град. Дека воздушната бања се гуши во штетните ПМ честички говорат информациите на специјализирана интернет страница за мерење на загадениот воздух „Ер вижуал”. Сумираните измерени вредности покажуваа многу високо ниво на канцерогените ПМ 10 честички,дури 6 пати над дозволеното.

„Со оглед на она што се случува во минатите години, мислам дека дури не е ни за изненадување бидејќи Охрид е интензивно урбанизиран. Изградени се голем број објекти кои што се згуснати на еден тесен простор. Можеби загадувањето би било уште поголемо да не е езерото кое со своите локални ветрови придонесува тие загадувачки материи малку да ги разреди во воздухот“, рече Ѓоко Зороски.

Згора на се, Државниот инспекторат за живтина средина кубури со кадар. Од таму сега очекуваат министертството за информатичко општество да ја одобри новата систематизација и до крај на годинава,согласно препораките на Унеско да има зголемен број на државни инспектори посебно во градови како Охрид каде нема ниту еден државен инспектор за заштита на природата, а е потребен да го покрива заштитеното подрачја во охридско – битолскиот регион.

Росица Голабоска