Со само малку дожд, нивите во неколку битолски села повторно се под вода

            Жителите од битолските села Кравари, Оптичари, Егри и Жабени, мака  мачат со поплавувањето на нивите, а во одделени делови и на куќите. Вчерашните просечни врнежи, повторно ги поплавија нивите, а објективот на нашата камера ја долови оваа мачна слика во атарот на село Жабени.

Загрижени од ваквите состојбите, претставници од овие села јавно реагираа и како што велат, надлежните да се разбудат од зимскиот сон и да им ги исчистат каналите, зашто покрај стравот, трпат и огромни штети.

-Со обилните дождови што беа пред две недели, ако уште два сати врнеше, сите куќи над овој канал ќе беа поплавени- рече Јосиф Стевовски од с. Кравари. – кај нас до мај месец има вода. Не можеме ниту да посееме житни култури оти ќе изгинат и с`е е под вода. Сега има еден метар вода во полето кај с. Жабени. Проблемот е до институциите- рече СЕФКИ АЛИОВСКИ , земјоделец од с. Жабени. – ланските поплави, никаква штета не ни е платена. Некој ја мати работата- рече  ИЦЕ КОЗЛЕВСКИ од с.  Егри.

Од  Водостопанство “Битолско поле“, велат дека овие проблеми кај тие села  им се познати и дека од пролетва ќе ги санираат. Меѓутоа, каналите покрај патотот каде има високанапонски кабли се во надлежност на државното претпријатие за патишта, а селските канали треба да ги одржува локалната самоуправа.

  • Во вакво време, водата се таложи поради интензивните доѓдови. Веќе земјата е заситена со вода, така да и при најмали врнежи, излегува од под земи, а и самите канали се полни. Нема голема способност да ја одведе водата. Планираме со чистење- рече ДЕЈАН ЗАРОВСКИ, раководител во ЈП“Битолско поле“.

Пред дваесет дена, со неколкудневните обилни врнежи, во атарот на овие села, поплавени беа повеќе стотици хектари плодни ниви, во кои настрадаа есенските култури.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста