Со „Проклети да се предавниците“ денеска во Канео се отстрануваа дивоградби

Проклети да се предавниците,својот народ што го продале-со звуците од оваа народна песна која денеска ечеше во некогашната рибарска населбна Канео, жителите ги пречекаа градежните инспектори и работниците кои дојдоа да ја ги отстрануваат нелегалните градби. Се рушеа платформи,шанкови,објекти од цврста градба подигнати на самото крајбрежје,па дури и во езерските води. Мештаните кои полека заборавија на бизнисот со риби за да се преојрентираат на угостителството, замеруваат бидејќи како што велат,екот на туристичка сезона не е погоден момент за вакви интервенции.Тие се пожалаа на односот на градежните инспектори.

„Инспектор кој не знаеше да разговара културно, иако ние цело време настојуваме да се разбериме како луѓе и дваесет-триесет луѓе со машини за рушење.Не ни дозволија ни за останатиот дел да најдеме решение да работи,шанкот, плажата, лежалките за да ги задржиме вработенитеНе ја сфаќаме поентата, дали некој сака да намерно нешто да наштети,да покаже сила, да направи проблем,сред сезона не ми е јасно“ – вели Јован Трајаноски – менаџер.

Нелегалните градежни активности во Канео,кога се заѕидуваше крајбрежјето,буквално навлегувајќи во езерските води траат со години наназад,но никој не беше санкциониран,напротив плажите се делеа под концесија.Зошто надлежните навреме не  рагираа ако воочиле дека се остапувало од дозволеното-револтирани се мештаните кои стравуваат дека сместувачките капацитети во атрактивното Канео,ќе им останат празни.Тие сеуште инсиситраат на средба со локланите власти.

“Да седниме и да разговараме на маса, да ни кажат кој им е проблемот.Туристите тука доаѓаа и гледаа убаво беше средено,добро е за око.Сега ова ќе биде ѓубриште, рушевини” – вели Јован Трајаноски – менаџер.

И додека општината најавува дека акцијата за рушење на дивоградби ќе го опфати целото крајбрежје, дел од концесионерите чекаат исход од Уставниот суд, бидејќи ја обжалија владината уредба.Некои од довчерашните закупци не сакаат да зборуваат пред камера,оти добиле абер од владеачката партија ,да не лаат по медиуми.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста