Со пожарот пламнаа и бројните проблеми и пропусти во здравствениот систем – ќе се решат ли со оставките?

Ќе ги решат ли оставките бројните пропусти и проблеми кои заедно со страотниот пожар во модуларната, пламнаа во јавноста? Неколку лекари кои ги контактираше Алфа, анонимно сведочат за притисокот со кој се соочувале од напливот на пациенти, а со тоа и на роднини.Немале велат, сила, истовремено да изигруваат и редари, додека пациенти им се бореле за живот. А токму надлежните, на чело со Министерот Филипче, постојано уверуваа дека се било во ред и под контрола, додека лекарите од тетовската болница молеа за помош, додека минуваа низ најтешките денови.

„Ако немаме отворена врата од Скопје, еве сами ние се организиравме, но, навистина, не е суштината во кревети, тоа е капациететот што го имаме..не можеме цела болница да ја блокираме, ние имаме и инфаркти секој ден, крварења, тие ни се потенцијални за умирање..на хирургија има повреди, не можете вие да ги земете сите анестезиолози,и тоа ни отежнува, така што да видиме со Скопје“, рече раководителот на ковид центарот, Гзим Нуредини.

Се повеќе искуства и сведоштва се шират на социјалните мрежи за недостигот од персонал со кој се соочувала клиничката болница, и тоа во време на најтежок период од пандемијата,кога имаше огромен број хоспитализирани. Посети имало и покрај тоа што било забрането.

“Во тетовската болница тоа е редовна пракса, домашните да се цел ден со пациентот.”

“Јас само ќе кажам од искуство, потенцирам, од искуство, дека бројот на починати би бил двојно поголем,ако нема човек од дома со болниот, затоа што персоналот во болницата не може да постигне, бидејќи има премногу болни, а дефицит на персоналот. И во оваа ситуација, ќе кажам само фала на Господ што имало посетители, па барем 12 лица се спасија.”

“Фино е да се има придружба, во овој случај помагале и спасувале. Ама тие не морале да бидат таму и да се изложуваат на ризик,ако имало медициснки персонал платен за тоа да ја заврши работата наместо нив. Зошто повеќе пациенти се спасени од скриена придружба преку прозор,отколку од вработен персонал преку врата? Катастрофа на системот е ако внатре имало повеќе придружба од сестри.”

Војската и полицијата, иако во недоволен број, почна да обезбедува, но дури по ицидентот со пресекување на цефките за кислород, кој се случи неколку денови пред пожарот. Предходно болницата бараше помош, но, не доби, исто како што остана речиси без никаква поддршка и помош од надлежните овој најтежок четврти бран од пандемијата.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста