Со подобри старт ап идеи до сопствен бизнис

Наместо да заминуваат од земјата или пак да работат како подизведувачи во други фирми, младите ИТ инженери треба да креираат сопствени старт ап производи со кои ќе станат конкурентни на пазарот на трудот. Од Здружението на студенти по електротехника велат дека младите информатичари мора да се свртат кон претприемништво, бидејќи ИТ секторот во земјава забрзано се развива, а платите постојано растат. Преку натпревар за старт ап проекти студентите ќе имаат можност да станат конкурентни на пазарот на трудот и да формираат свои компании.

Натпреварот „Code app, level up“ кој ќе се орджи од 15 до 21 април во Стопанската Комора на Македонија, ќе им овозможи на студентите преку стручни работилници и со помош на истакнати ментори да развијат бизнис план или сопствен производ кој би бил применлив во стопанството. На натпреварот ќе учествуваат само осум тимови, односно оние кои ќе пријават најдобра бизнис идеја.

Повеќе информации за натпреварот на http://www.calu.mk.

Биљана Божиновска