СО ОСУМ НАТПРЕВАРИ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНА ГРУПНАТА ФАЗА ОД ФУДБАЛСКАТА ЛШ

Денеска започнува најдолгата, често сакаме да речеме главна фаза во Лигата на Европските фудбалски шампиони. Новиот сегмент се отвора во Е-Х половината од групите и со средбите на: Челзи и Севиља односно Рен и Краснодар во петтиот состав, на Зенит и Бриж, и на Лацио и Борусија Дортмунд во шестиот, на Динамо Киев и Јувентус, и на Барселона со Ференцварот во седмата конкуренција и на ПСЖ и Манчестер Јунајтед, и на Лајпциг и Басакшехир во осмата. Термините се стандардни, 18.55 и 21 часот.


По ова за утре, во овој воведен круг во шампионската лига ќе останат средбите БАЕРН-АТЛЕТИКО (Мадрид) и САЛЦБУРГ-ЛОКОМОТИВ (Москва) во А групата, РЕАЛ МАДРИД и ШАХТЈОР односно ИНТЕР и БОРУСИЈА (Менхенгладбах) кои се дел од Б, и на МАНЧЕСТЕР Сити со ПОРТО и на ОЛИМПИЈАКОС со МАРСЕЈ во Ц собирот. Во Д групата в среда настапуваат и АЈАКС против ЛИВЕРПУЛ и МИТЈИЛАНД со АТАЛАНТА.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста