Со новиот буџет Владата наместо за енергетската криза, финансиски ја појачува администрацијата

Владата донесе Уредба за прогласување на енергетска кризна состојба, откако на големо се зборува дека се предвидуваат рестрикции, но и повисоки сметки за струја. Од Министерството за економија велат дека Уредбата за прогласување кризна состојба при недостиг на струја претставува усогласување со Законот за енергетика. Во нема нема конкретно наведено дека со неа се предвидуваат рестрикции, но содржината и овозможува на државата тоа и да го направи ако има потреба.

  • Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазарот на струја и начинот на снабдување во кризна состојба, мерките кои се преземаат во случај на кризна состојба, како и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности, која што е објавена во Службен весник.

Одлуката се носи во предиод кога државата нема јаглен и на тендер се бара набавувач, но и кога имаме скроен буџет за 2022 година, во кој не се предвидува конкретно ставки за помош на граѓаните и фирмите, напротив, буџетот предвидува раст на платите во државниот сектор. Експертската јавност предупредува тоа нее добро сценарио, посебно не, во ваков лош период.

  • Сметам дека е изненадување зашто нема предвидено пари, односно ставка за интервенции, се соочуваме со голем ризик со промена на цената на струјата, зашто таа варира на светските енергетски берзи, и реално е да се очекува товарот да влијае на домашниот енергетски ситем, секако негативно, зашто малку лежерно ја согледавме целата состојба, што еве сега се соочуваме со неа, вели за Алфа универзитетскиот професор Зоран Ивановски.

Експертите се загрижени. Велат дека земјава мора да биде подготвена за тежок период, а државата во никој случај не смее да ги остави на цедило граѓаните кои во никој случај не виновни за тоа.

  • Ние само сега треба да сме подготвени со одредени инструменти како привремено како да ја менаџираме оваа криза, и овој импакт. Мора да најдеме решение кое ќе помогне како да се ублажи овој нетивен удар, кој освен сите, најсилно ќе удри кај социјално ранлите категории граѓани, кои најсилно ќе бидат погодени. И тука не се предвидени, како што потврди и министерот Бесими, алокации на средства за помош, а сметам дека ќе им бидат и повеќе од потребни, вели меѓу другото во изјава за Алфа, Академик Абдулменав Беџети.

Колку за илустрација, стапување на сила на рестрикции значи исклучување на струјата прво на јавните места, како што е уличното осветлување, потоа светлечките реклами, билбордите, струјата на фонтаните и по парковите, осносно се она што директно не ги погодува домаќинствата и стопанството.

Министерот за финансии вчера призна дека земјава ја чека тежок период, и дека енергетската криза е се поизвесна. Ако имало потреба, дел од парите за Ковид, ќе се искористеле за енергетската криза.

Состојбата дополнително се усложни со набавката на јаглен за РЕК Битола и незаконското повлекување на струја од европската енергетска мрежа.

Ако до утре не се изберат компании за набавка на јаглен за РЕК Битола, кој ќе биде пресуден за стопанството, граѓаните дефинитивно ќе се соочат со рестрикции. На повторениот повик се јавија 9 фирми. Дали понудите ги исполнуваат бараните количини од 900.000 тони јаглен, последниот збор веќе утре, ќе го имаат од Електрани на Македонија.

Што се однесува до јагленот за ТЕЦ Осломеј од првиот повик за набавка, се очекува во понеделник да се официјализира изборот на понудувачот на 300 илјади тони јаглен и да се потпише договор, по што веднаш ќе започне испораката со динамика предвидена во договорот.

Исто така, АД ЕСМ е во постојана комуникација со Владата на Македонија и со ТЕЦ Неготино со цел стартување на термоелектраната, со поддршка на АД ЕСМ.

Борис грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста