Со незаконски доказ Камчев доби уште 30 дена притвор- одбраната ќе се жали во Стразбур

Бизнисменот Орце Камчев останува уште 30 дена во притвор и тоа врз основа на незаконски доказ, тврди неговата одрана. Адвокатот Тони Менкиноски, вели  службената белешка врз основа на која е донесена оваа мерка е противзаконска, и бара поништување на истата како доказ, односно од страна на судот да биде прогласена за незаконита. Сепак и покрај ваквото тврдење на одбраната, судот му определи нови 30 дена во Шутка, токму врз основа на таа белешка. Менкиноски вели АНБ постапила протизаконски и прашува врз основа на што бил следен неговиот клиент, од 12 до 14 февруари, каква закана претставувал по националната безбедност.

-Истата му ги ограничила основните човекови права на господинот Камчев. Апелираме до институциите на системот штитејќи го својот професионален интегритет. Време во оваа држава да завршат изживувањата врз луѓе, загрозување на нивното здравје, загрозување на бизниси и работни места на луѓе, преку местенки и злоупотреба на тајните служби, изјави Менкиноски.

И покрај ваквото тврдење на одбраната, врз основа на овој доказ судот повторно му определи 30 дена на Камчев. Пред објавувањето на оваа одлука Менкиноски изрази надеж дека судот ќе донесе законито решени, а доколку тоа не се случи жалбата итно ќе заврши во Стразбур. Таму веќе е и предметот за тортурата која му се случувала на Камчев во Шутка. Менкиноски вели тој пет ден бил оставен без вода, како за пиење така и санитарна.

-Ова веќе е предмет пред Судот за човекови права и предмет пред комитетот за тортура во Стразбур. Пет дена ниту во Северна Кореја, каде што е најпонижувачко, нечовечко изживување врз заробените лица, не било метод на изживување да се остави човек без вода, а во Република Македонија да се остави човек без вода само вие може да ми кажате колку е тоа човечки и непонижувачки, изјави Менкиноски.

Одбраната на Камчев поради ваквиот начин на определување на притворот, пред Републичкиот судски совет поднесува и претставка за несовесно и нестручно работење на судијата на претходна постапка кој ја изрече мерката притвор.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста