Со натпреварот Вардар и Борец попладнево започнува првата фудбалска лига

Со натпреварот на Вардар и Борец кој од 17.30 се игра во Скопје денеска се отвора новиот 29-ти фудбалски шампионат на Македонија. Тој е променет во однос на минатите сезони зошто короната не дозволи претходната да заврши, ФФМ реши да нема испаѓање, па во овој случај ќе имаме 12 екипи кои ќе одиграат три круга и 33 кола секоја. Другите двојки за оваа рунда предвидени за утре се: Шкупи-Шкендија, Македонија ЃП-Работнички, Беласица-Силекс, Пелистер-Академија Пандев и Ренова-Струга. Сега за сега ќе се игра пред празни трибини, а што се однесува до воведниот меч, Вардар попладнево не важи за фаворит ппротив Борец зошто велешани се солидни, а црвено црните беа на праг на распад летово.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста