СО НАТПРЕВАРИ ВО АМСТЕРДАМ И ЛОНДОН ДЕНЕСКА ЗАПОЧНУВА 1/8 ФИНАЛЕТО НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

Со натпреварите на Велс и Данска во Амстердам и на Италија со Австрија во Лондон денеска започнува осминафиналето од Европското фудбалско првенство. Истото по принцип два меа дневно ќе трае до вторник кога ќе ги дознаеме сите четвртфиналисти, со напомена дека денешните дуели не составуваат двојка. На Јохан Кројф арената од 18 часот нема јасен фаворит иако Данска која тргна со два пораза и остана без Ериксен според сите е поблизу до триумф против Велшаните кои исто со еден триумф се најдоа во ситуација да продолжат да се борат за повторување на полуфиналето од пред пет години. Во вториот дуел вечерва од 21 часот на Вембли Италија која игра беспрекорно, а тоа значи три победи и гол разлика 7-0 од групната фаза е голем фаворит против Австрија со која игравме и ние, и загубивме со 2-1 во еден доста рамноправен меч во Букурешт. Победникот од попладневниот меч оди на мегдан со подобриот од утрешната порана пресметка на Холандија и Чешка, а поуспешниот од вториот двобој денеска ќе закаже средба со натпреварот на Белгија и Португалија кој  е предвиден за недела навечер.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста