СО ДВЕ СРЕДБИ ДЕНЕСКА ЗАВРШУВА ПРВИОТ ДЕЛ ОД ПРВАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА

Со натпреварот што е во тек меѓу Куманово и Вардар и тој подоцна меѓу Црн Дрим и МЗТ Скопје денеска ќе заврши првиот дел од домашната Прва кошаркарска лига. Овие средби не менуваат многу на табелата и во редоследот затоа што домаќините немаат шанси за пласман меѓу првите осум на крајот од овој сегмент, а кумановци и аеродромци се таму со тоа што првите можат да стасаат до четвртото, а вторите до второто место. Што се однесува до првата позиција, таа од вчера е сигурно во сопственост на Пелистер затоа што зелените славеа во својот последен меч кај Работнички 94-77 и за противник во првиот круг од плеј офот го избраа тимот на Академија ФМП.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста