СО ДВА НАТПРЕВАРИ, ОД КОЈ ЕДНИОТ ВО БИТОЛА ПОЧНУВА СЕХА ЛИГАТА ОВАА НЕДЕЛА

Новата ракометна СЕХА сезона почнува неделава, и тоа со два натпревари, од кои едниот во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Металопластика. Овој меч е предвиден за 21 декември,  а четири дена претходно лигата ја отвора дуелот Нексе-Војводина. Со оглед на ковид-состојбата распоредот за секое коло ќе биде однапред договорен со екипите. Оние кои настапуваат во Лигата на шампионите, како што е случајот со Вардар, активирање во СЕХА ќе имаат некаде во февруари со оглед на заостанатите дуели, кои треба да ги одиграат во елитата. Вардарци за противници во групата ги имаат Нексе, Војводина и Мотор, додека Пелистерци покрај Металопластика, ќе играат уште со Татран и Загреб.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста