Со душевна попреченост, врзан го чуваат за спиење

        Во битолското село Беранци, подолго време се случува семејна драма кај фамилијата Димковци. Таткото Киро и синовите Игор и Александар, длабоко запретани во дното на секојдневието преполно со сиромаштија, на периферијата од ова село, ги одживуваат секојдневните драми- тројцата со душевна попреченост. Сепак, во најтешка форма болеста се развила кај четириесет и шестгодишниот Игор, на кој се имаат накалемено уште многу други маки, оти е непокретен и целиот се тресе, а најчесто е непресметлив. Затоа, поноќе го држат врзан.

-Брат ми не е подвижен и ние не можеме измет да му правиме. Треба да се бара чаре и да се смести во некоја установа и да се погрижат за него. Дење ноќе се мачиме со него и не сме спани. Поноќе вика, премести го и пак истото- рече неговиот брат Александар. –  Ноќе го врзуваме, ако не е врзан беше во јужната одаја, од горе до додлу на бетонот легнат по куси гаќи.  Се соблекува и се треси, дури и нозете- рече таткото Ќиро.

Со пензиичка од дестина илјади денари, Димковци не се жалат на сиромаштијата, туку бараат помош од државата.

  • Бараме од Социјални грижи да се смести, за да видиме бел ден- рече  Киро.

Од Центарот за социјална работа пред една недела интервенирале со полициска асистенција  Игор да биде сместен во Болница, но веднаш потоа од тамју го вратиле дома. Пред десет години, една и пол година одлежал во Душевната болница во Демир Хисар, но со сета негова тешка состојба, никој не сака со него да си има работа. Сега, на потег е Центарот за социјална работа.

– Искинато парче живот како тука во Беранци, само по себе значи, дека едно семејство го допрело дното. И уште повеќе, под секое човечко достоинство е кога врзан на вечер и на сабајле соблечен, под него арно и под него лошо, нема кому рака да се даде за помош и поткрепа. Тоа значи дека нашите институции целосно затаиле.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста