Со четири средби денеска продолжува фудбалската лига ЕВРОПА

Денеска и утре се играат средбите од осминафиналето во Лига Европа, а веднаш потоа и дуелите до Лигата на шампионите. Главнината од осумте средби во второто клупско натпреварување се реванши, но има и први, и во случајов единствени соочувања. Но одиме по ред, попладне од 18.55 Копенхаген со негатива од 1-0 го дочекува Басакшехир, а Шахтјор со предност од 2-1 му е домаќин на Волфсбург. Подоцна од 21 часот Интер на неутрален терен во Гелзенкирхен има еден натпревар за четвртфинале со Хетафе, а во исто време Манчестер Јунајтед го дочекува Ласк во веќе добиен двобој бидејќи во Линц славеше со 5-0. Утре има уште четири меча со иста констелација, три возвратни, еден елиминациски, а двојките се: Баер-Ренџерс, Севиља-Рома, Базел-Ајнтрахт и Вулверхемптон-Олимпијакос.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста