Со акцијата за рушење на платформи и објекти на плажите во Охрид се спроведува слепа правда, обвинуваат Охриѓани

Со акцијата за рушење наплатформи и објекти на плажите вдолж охридското крајбрежје која по којзнае кој пат започна на 5-ти овој месец, се спроведува слепа правда- вели Даница Баческа, сопственик на првиотприватен хотел изграден пред скоро половина век во населбата Лагадин. Крајно револтирана,таа ја приложи целокупната документација која датираат од 1972 година,а согласно која во рамки на локацијата на објектот,им се одобрува на плажата да постават шанкови и друга урбана опрема,со цел како што пишува во решението да  даваат угостителски услуги на патниците кои ќе се движат на потегот од Охрид до Свети Наум. Но и покрај валидната документација која ја поседуваме, и покрај жалните кои ги поднесовме до надлежните институции,од општината добиме решение за рушење- вели Баческа.За неа е дискурабилно, зошто багерите најпрвин заиграа пред нивиот хотел, прескокнувајќи ги сите останати кои се на потегот од Метропол до Пешатани.

Бесмислени работи се случуваат е сега што е најинтересно што реков не се руши нити на другите  хотели кои дирекно се влезени во плажите со настрешници со киосци со што ти не, значи тука има груба селективна правда ,која што е за осуда.Нека дојдат од секаде судии, правници, на лице место да видат што се случува тука во Охрид.Како може пред хотелите Лагадин каде што имаме дадено толку финансиски сретства, сме финансирале нигде во светов ова го нема, да финасираш и после тоа да ги рушат – вели Даница Баческа – хотелиер.

Градоначаникот Георгиески ги отфрла обвинувањата за сективност при рушењето,имале сопствена динамика вели и најдоцна до 20 јуни ќе го исчистеле крајбржејето од дивоградби.

Сите плажи или објекти на плажите кои биле порано издавани со концесиски договори се со изминати договори, сите тие се со решенија за отстранување и никој од нив ова лето не смее да продолжи да обавува дејност затоа што едноставно станува збор за узурпација на државна земја – вели градоначалникот на Охрид Консантин Георгиески.

Поради ова, тврди  Георгиески општината нема да им дозволи да работат,иако на најатрактивните локации во срцето на Охрид има објекти кои работат со полна пареа,услужувајќи ги гости на платформите кои со десетици метри навлегуваат во езерото.

Што се од однесува пак на Градиште кадена 36 локации вострого заштитен појас на автокампот се врши узурпација на земјиштето на кое се прават објекти од цврста градба со поставување на т.н. контејнер куќи и денес не добивме одговор од општината што се случува таму и дали инспекциските служби излегле на терен и што констатирале ?

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста