Со 95 гласа „за“ и 7 „против“ почна постапката за одложување на пописот

Во Собранието и официјално започна процедурата за одложување на пописот. Најголемиот дел од пратениците дадоа зелено светло дека пописот мора да се одложи, единствено негодува колицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Откако беше изгласана потребата за измени и дополнување на законот, сега на ред е комисијата за европски прашања, во која за законот, треба да се дебатира, најмногу два дена.

Од партиите на Села и Гаши велат ќе поднеселе амандмани.

– Барам да се поништи гласање и тоа да се повтори. Сите лоши работи доаѓаат од ДУИ. Ова Собрание треба да го водите на демократски начин, а не да се шегувате со нашиот дигнитет. Барам еден час пауза. Прекршувањето на демикартијата го прави Џафери и мнозинството и ја замолчуваат албанската опозиција – рече Реџепи.

Макадонската власт и опозиција, како и интегративците се согласни дека пописот треба да се одржи во септември. Коррдинаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски вели дека очекувал разумност во врска со амандамните, сепак не верува дека албанската опозиција располага со Бадентеровото мнозинство.

Нивно право е дали ќе поднесат амандмани, но јас очекувам да има разумност во целиот процес затоа што и Алијанса и Алтернатива како опозиција и ВМРО-ДПМНЕ повикуваше на одлагање на пописот имајќи ја предвид епидемиолошката состојба во државата и зголемениот број заразени и починати лица. Како и што ќе се случува на седницата ќе видиме на самата седница и доколку се закаже почеток на комисиска работа на седницата ќе видиме со што ќе истапат Алијанса и Алтернатива, рече Мицевски.

Речиси и сигурно е дека пописот е одложен, но на ред сега е комисијата за европски прашања која денеска заседава, а доколку има амандамни и утре, потоа законот мора да биде ставен на маса пред пратениците на пленарна седница.

Иако пребројувањето на населението е официјално започнато, од Статистика појаснуваат дека теренски попис нема, но се правела „проверка на сите организациско-технички активности, за да се обезбеди поголема подготвеност за евентуалниот почеток на теренското попишување“.

Денеска во Собранието беше изгласана и потребата за измени во изборниот законик, односно вметнување на техничка опрема – апарати за отпечаток од прст, како и одложување на локалните избори за втората половина од октомври. Законот се носи со скратена постапка.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста