Смртноста од Ковид19 во Македонија за 1% над светскиот просек, Филипче уште ги бара причините

Катастрофални бројки на починати и новозаразени од Ковид 19. Смртноста се искачи на алармантни 3,8 отсто од вкупниот број на заразени, преку 21.200. Во светски рамки во овој момент смртноста изнесува 2,8 проценти. Тоа значи дека смртноста во Македонија е поголема за еден процент во однос на светскиот просек.

Истовремено, за близу 90 проценти е зголемен бројот на заразени пациенти за само една недела. Најголем број од позитивните случаи, според извештајот на ИЈЗ се млади лица до 40 години, меѓу нив се 185 лица до 19 години. Високите бројки ги преплавија ковид центрите, па капацитетите на инфективните одделенија се во критична состојба, а медицинскиот персонал е преморен. Директорката на Инфективната клиника Милена Стефановиќ за Алфа предупредува – се пополнуваат последните кревети и на готовс е модуларната болница.

“Доаѓаат колеги на помош и тоа така мора да оди понатаму.Дека сме уморне сме, тоа никој не може да го негира ниту да се сомнева во тие наши искрени изрази во целата јавност.Носиме етика која не ни дозволува да потклекнуваме…иако можеби од крајот на денот сме несреќни и преморени но сепак следниот ден доаѓаме повторно на работа.” – вели директорката на Инфективната клиника, д-р Милена Стефановиќ.

Долго најавуваната анализа на МЗ за зголемената смртност и заболени од Ковид19  јавноста не ја доби, иако требаше уште пред една недела да биде објавена, барем така ветуваше Филипче. Според првиот човек на Инфективната клиника, анализата ќе се подготвува подолг период.

“Бројките ги собравме и не е еднсотавно тие анализи и бројки да се соберат тука не можам да ви кажам прецизно.Но не би зборувала дека смрноста кај младите е зголемена тоа не можам да го констатирам ниту пак тоа го гледаме низ бројките.” – вели д-р Милена Стефановиќ.

Освен што ковид центрите во главниот град се исполнети, дополнителен проблем има помеѓу здравствените установи во внатрешноста, а најмногу загрижува ситуацијата со струмичката болница. Во борба за спас на живот повеќе, од болницата на помош повикале и специјализанти, но, најмногу им требаат лекари инфектолози. Преку системот за ротација, очекуваат двајца лекари, но и со нив, нема да се реши проблемот.

Проблемите не се поразлични ниту во останатите градови, па во прилепската и штипската болница, освен недостаток на кадар, а и пополнетост на капацитетите, алармираа оти немаат доволно кислородни боци.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста