Смртноста од Ковид 19 достигна рекорд – го надмина просекот и стигна до 4,9 проценти

Смртноста во Македонија од Ковид-19 во последните денови е загрижувачка – достигна до високи 4,9% алармира стручната фела.Според последната анализа на професорот Дејан Трајковски овој процент на починати е многу поголем од просекот за целото времетраење на епидемијата која изнесуваше 3,5 отсто.

“Дури и вкупниот просечен леталитет на Делта сојот од јули до денес е прилично висок,3,7%, при сета вакцинација .Ова е чудо ,затоа што ако знаеме дека вакцините речиси не го намалуваат заразувањето, барем би требало да влијаат на леталитетот (штом се ефикасни против смртен исход).Можеби одговорот лежи во фактот што најголемиот број починати во овој бран биле од нисковакцинираните општини, па ефектот од вакцинацијата не можел да дојде до израз.” – пишува во анализата проф. Дејан Трајковски.

Предупредување за високата смртност од ковид пристигна и од директорката на Инфективната Клиника д-р Стевановиќ, таа вели дека дополнително загрижува тоа што особено во четвртиот бран пациентите масовно се лекуваат во домашни услови, а тоа им ја комплицира работата на лекарите.

“Не можам да го разберам стравот од болница иако болен човек е болен човек и стравува и со оправданост стравува од можните последици на Ковид. Но навистина, домашното лекување, самолекувањето на ниту еден пациент не му оди во прилог. Се влошуваат состојбите, за нас клиничките слики се многу поизмешани и многу појасни. За нас лекувањето оди многу потешко на таквите пациенти. А ние, она што го забележуваме во овој последен период, во овој четврт бран е навистина е масовно самолекување дома и лекување со освежувања. Ковид не се лекува со освежувања. Ковид се лекува со навремено преземање на низа на мерки кои треба да ја контролираат болеста. Тоа во домашни услови е невозможно,” вели д-р Стевановиќ.

Освен големиот број изгубени човечки животи, и бројот на активни случаи во моментов е доста висок – изнесува речиси 7.000. По ова се поставуваат многу прашања и дилеми каква зима не очекува? Дали бројот на заразени ќе падне, или пак не чека засилување на ковид бранот? Голем дел од лекарите прогнозираат пандемиска зима – образложувајќи дека ладното време и концетрацијата на поголем број на лица во затворени простории ќе резултира со што повеќе новодијагностицирани но и хоспитализирани.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста