Случај „ТНТ“:Амзоски не одговори дали му платил 850 илјади евра на Боки 13, Страшевски казнет од судијата со 1000 евра

Без одговор остана прашањето поставено од адвокатот на поранешниот градоначалник на Гази Баба дали бизнисменот Амзоски му платил на Бојан Јовановски 850.000 евра за Специјалното Јавно Обвинителство, да го повлече обвинението против него за бесправно градење. Пораката што ја прочита адвокатот Страшевски во судницата денеска, беше изведена како доказ, против Боки 13 на судењето за Меѓународен сојуз каде тој се товари за измама и перење пари, а му ја напишал Амзоски на Боки :

СЈО денеска го повлече предметот. Ти благодарам. Ајде сега да работиме”

Одбраната неколкупати се обидуваше да добие одговор на што се должела пораката која Амзоски ја испратил, но на тоа се противеше обвинителот Бурим Рустеми. Прашањето не беше дозволено ниту од страна на судијата Ставрев..

„Оставете го Бојан, тој не бил овде во судница, не е тоа наша работа. Истото го прашувате 15 пати и не го дозволувам прашањето“, рече судијата Ставрев.

Потоа  го казни адвокатот Страшевски со 1.000 евра со образложение дека таквото однесување било непочитување на судот.

  • Во време кога Јавното Обвинителство на Р. Македонија има покренато постапка за нелегална градба, на Ардијан Азоски и „Фине“ веројатно и против Фијат Цановски, незнам точно, меѓутоа овие два предмети се тесно поврзани од аспект што повлекувањето на овој предмет против Ардијан Азовски од страна на СЈО е по уплатата на рака од страна на А. Азоски на Боки 13. Евидентно е нервозата и кај обвинителството и кај судиите да не се дознае сето ова во јавноста, заради тесната поврзаност меѓу овие два предмети вели ЈОВИЦА СТРАШЕВСКИ – АДВОКАТ НА ТОНИ ТРАЈКОВСКИ.

Одбраната останува на ставот дека одговорот на прашањето ќе покаже дека не се исплатени 270.000 евра од страна на Амзоски, туку повеќе од 850.000 евра за повлекување на обвинението за случајот „ТНТ“.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста