Случај „Онкологија„: Конечно четворица уапсени, меѓу нив и поранешниот директор Нино Васев

Случај „Онкологија„: Конечно четворица уапсени, меѓу нив и поранешниот директор Нино Васев

По дури половина година, почнува расчистувањето на скандалот „Онкологија“. Падна екс-директорот на клиниката Нино Васев, кој со лисици на рацете беше изваден од болницата. Друштво му правеа една медицинска сестра и хаус-мајсторот. Од скопското обвинителство единствено што октриваат е дека вкупно четири луѓе се пред обвинител.

Полицајата по налог на обвинителите, освен приведувањето на дел од осомничените за морбидниот скандал, собрале и телефони, компјутери и друга докментација. Се очекува со оваа акција, конечно да се рачисти со тоа кој крадел лекови од болните со рак и ги препродавал на црно.

Освен вознемирените пациенти, клиниката, според актулениот директот, денеска функционирала нормално.

“Сите закажани пациенти, тековни прегледи предвидени терапии на пациентите, како и прием на нови пациенти функционира нормално. Работат сите амбуланти. Работиме со полн капацитет на Клиниката и затоа замолувам да не се создава паника. Никој од пациентите нема да биде вратен. Сите ќе ја примат предвидената и планираната терапија “, изјави директорката Клисарова.

Во меѓувреме, полицијата трага уште по неколку луѓе кои биле вклучени во скандалот. Некои одат дотаму дека тројца од нив, го искористиле целиот овој пердиод додека инстутициите не преземаа ништо, да избегаат од Македонија.

Пацинетите и вработените се вознемирени. Дел од нив виделе полицијата како го приведува Васев, а поголем дел ништо не виделе. Велат се течело во најдобар ред на клиниката.

Скандалот Онкологија за наводни злоупотреби и препродажба на скапата имунолошка терапија со цитостатици за пациентите болни од рак изби во септември. Тогаш полицијата изврши претреси на Клиниката и во два приватни стана. Притоа беа одземени компјутери и документација, кои потоа беа дадени на анализа и вештачење, но до сега немаше апсења. Во врска со скандалот, се формираше и собраниска Анкетна комисија, чии заклучоци упатуваа и на политичка одговорност, што ја лоцираа кај екс-министерот за здравство Венко Филипче. Сепак, заклучоците не беа изгласани со консензус, бидејќи пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата излегоа со различни заклучоци.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста