Словенија почнува со масовно тестирање за раширеноста на коронавирусот

Во Словенија од денеска почнува масовно тестирање на граѓаните со цел здравствените власти да имаат реална слика за раширеноста на новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според планот, предвидено е во наредните денови да се тестираат вкупно 3.000 граѓани по случаен избор, односно по десет од сите 300 општини во земјата.

Списокот за тестирање го направи Државниот завод за статистика, а ќе бидат опфатени здрави лица, без разлика на полот и возраста.

Целта на ваквиот медицински експеримент е да се добие реална претстава за раширеноста на вирусот, кој ќе и помогне на Владата при носењето на одлуките за динамиката на укинувањата на ограничувањата донесени поради епидемијата на коронавирусот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста