Словенија ја суспендираше употребата на вакцината “Џонсон” поради смртен случај , Македонија ќе добие донација 250.000 дози од оваа вакцина

По неколку европски земји и Словенија ја суспендираше употребата на вакцината „Џонсон и Џонсон“ откако 20 годишна девојка почина неколку дена по вакцинацијата. После овие информации, се отвораат сомнежи колку вакцината е безбедна за македонските граѓани кои треба да се вакцинираат со една доза откако ќе пристигне донацијата од Данска. Оваа земја иако уште во мај ја суспендираше употребата на „Џонсон“ се реши да и донира на Македонија 250 000 дози. Информацијата пред неколку дена ја потврди и првиот човек на МЗ Венко Филипче.
Дека Македонија нема да биде меѓу земјите кои ќе ја суспендираат употребата на оваа вакцина, покажува одговорот кој го добивме од Министерството за здравство на прашањето дали ќе биде безбедна за граѓаните.

“Комитетот за имунизација ги следи светските препораки поврзани со релевантните истражувања врз основа на кои и се носат одлуките за процесот на вакцинација. Сите вакцини одобрени од ЕМА и ФДА се безбедни за употреба” – велат од МЗ.
Инаку медиумите објавија дека девојката која починала по вакцинацијата со „Џонсон и џонсон“ пред три дена била тешка состојба, и починала од крварење во мозокот и згрутчување на крвта. Словенечните здравствени власти информираа дека привремено ќе ја прекинат имунизацијата со оваа вакцина, додека не се расчистат сите детали поврзани со случајот.
Во Словенија со вакцината на Џонсон и Џонсон се вакцинирани 120 илјади луѓе, а заинтересираноста за вакцината која се дава во само една доза се зголеми откако властите воведоа рестрикции на невакцинираните граѓани.
Во април годинава,и Соединетите американски држави препорача „пауза“ во примената на вакцината, за да се испитаат извештаите за потенцијално згрутчување на крвта.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста