Сливи – овошје од кое можете да имате многу здравствени придобивки

Нутриционистите тврдат дека на врвот на листата од 24-те врсти на овошје, со насилно дејство на антиоксиданти, се наоѓа сливата, која е најдобро да се јаде свежа.

Во 100 грама слива има 87 грама вода и 11 грама јаглени хидрати. Од витамини има највеќе Ц и Е, бетакаротен и фолна киселина. Витаминот Ц е важен бидејќи помага подобро да се апсорбира железото во телото. Исто така, овој витамин помага во смалување на ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар, како и некои врсти на рак. Кога станува збор за минерали, богата е со калиум, фосфор, магнезиум, натриум.

Сливата помага во намалувањето на холестерол во крвта. Шеќерниот алкохол, познат како сорбитол, се наоѓа во сливите, а се користи како замена на шеќер во производството на слатки диетски производи за дијабетичари, но и за други личности кои внимаваат на внесувањето на шеќер.

Сувата слива во споредба со друго овошје има двапати повеќе антиоксидантна моќ. Во составот на сливата се наоѓа концентриран сорбитол и влакна кои даваат поголем лаксативен ефект во однос со свежи сливи.

Затоа и свежите и сувите содржат големо количесто на калиум, влакна, витамини, а трага може да се најде и од железо и магнезиум.

При купувањето на слива треба да се земе тврда слива, неудрена и да има дршка. Површината треба да биде малку нејасна, што покажува дека сливата е добро третирана. Замрзнати сливи по правило треба да се чуваат во замрзнувач, најдолго до три месеци. Пред да ги ставите во замрзнувач треба да ги преполовите и да им ја извадите семката. Така преполовените сливи редете ги во сад со кожата надоле, па потоа замрзнете ги. Потоа ставете ги во пластична ќеса и вратете ги назад во фрижидерот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста