Следната недела започнуваат домашните слави, препораките за забрана на семејни собири сеуште без зелено светло

Наредната недела би требало да се одлучува за препораките на Комисијата за заразни болести, да се забранат семејни собири, слави и прослави, а бројот на гости во домовите да се ограничи на четворица.Но, за нивна реализација потребни се законски измени,односни за вакви мерки сеуште нема зелено светло од Собранието.А,токму следната недела започнуваат и домашните слави. Тетово е речиси на врвот од градовите, со повеќе од 2300 домаќинства кои имаат домашна слава. Традицијата на славење ќе продолжи, но годинава, тоа да биде само во кругот на најтесното семејството, апелираат свештените лица.

  • Тетовско архиерејско намесништво (Да нема масовни собирања како што има, затоа што ние знаеме дека според традиција во Тетово и тетовско имаме слави и прославувања по 80-100 души.Таквото собирање да го нема, луѓето да се организираат и со најтесното семејството да го поминат славскиот ручек вели Отец Александар Стојановски.

Традицијата на славење на домашните слави е домови со богата трпеза и голем број гости,но дали и колку ќе се внимава, засега зависи само од свеста на граѓаните,со оглед што вирусот забрзано се шири и состојбата е алармантна.Токму групирања во затворени простории, во моментов се посочени како најголем ризик за ширење на заразата.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста