„Славата“ за СДСМ, моќта кај ДУИ

Премиер од албанската заедница 100 дена, прв вицепремиер, 6 министри во влада со 19 министерства, заменици министри, директори…Што се доби ДУИ од СДСМ само за да им бидат пост коалициски партнер за формирање влада.

Последните шпекулации се дека функционери на ДУИ ќе седнат и во фотељите на едни од најбогатите државни компании како агенција за електорнски комуникации, македонска навигација, МЕПСО, Агенција за лекови.

А дел од колачот ќе земат најверојатно и од некоја од повисоките функции во МВР, како раководно место во БЈБ на пример.. Овие , засега шпекулации, не ги потврдуваат ниту од СДСМ, ниту од ДУИ, но не ги демантираат.

Кој е победник на овие избори, СДСМ со 46 пратеници или ДУИ до 15? Аналитачарот Ристо Никовски вели Ахмети доби се што посака.

Oвие избори фактички доведоа во еден нов исчекор во таа насока , со што не само што е победник ДУИ во нив, туку стана фактор без кој нема влада и тие тоа ќе го искористат, поточно кажано ќе го злоупотребат. Фактот што има прв вицепремиер значи дека се поставува реалноста дека ние имаме двајца премиери, досега албанските министри јасно велеа дека нивни шеф не е премиерот туку нивниот партиски лидер, сега де факто вториот премиер е во самата влада. Тоа што го зборува Али Ахмети за консенузална демократија се реализира. Прво бараа консензуален претседател на државата и го добија, сега бараа втор премиер, односно Албанец премиер – го добија, она што го кажува Ахмети како ќе функционира владата е апсолутно во право, а она што го зборува премиерот поранешен дека тоа не е точно, апсолутно ќе се покаже дека е точно, вели Никовски за Алфа.

За распределбата на ресори во Владата, Никовски вели дека пракса низ годините во Македонија е македонските политичари за да останат на власт да дадат концесии, а оваа пост изборна коалиција, отиде најдалеку до сега.

Пракса е во сите влади досега со минимални исклучоци дека македонците за да останат  или да дојдат на власт даваат нелегитимни, незаконски концесии. Ова е само врв на сето тоа бидејќи  додека македонските главни политички партии се соочени меѓусебе, конфронтирани длабоко, од друга страна имате албанска заедница која има апсолутна согласност околу иднината на земјата, истакна Никовски.

Иако СДСМ и ДУИ се договорија за Влада и ДУИ добија голем дел од барањата, сепак според експретите оваа влада ќе биде најтенката влада до сега оти одвај се собрани 62 пратеници.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста