Слаб одзив на „наставничкиот“ протест на СДСМ – се појавија едвај 50 партиски членови

Слаб одзив на „наставничкиот“ протест на СДСМ – се појавија едвај 50 партиски членови

Слаб одзив на протестот организиран од СДСМ за покачување на платите на просветните работници. Едвај 50тина наставници се собраа за да побараат плати повисоки за 12%.

Лидерот на СДСМ призна дека сите кои се собраа се дел од членството на партијата и комисиите – што автоматски на протестот му се даде политички контекст а не реална борба за повисоки плати. Слабиот одзив не го загрижи Венко Филипче – смета дека е доволно барем да се испрати пораката.

„Ако СДСМ беше на власт ќе имаше пари и за покачување на плати и за почитување на сите колективни договори. Никој не верува дека нема пари за покачување на платите на наставниците за 12%. Гледаме дека има пари за нови четири министерства и цела армија партиски вработувања, има пари за луксузирања со скапи авионски карти, има пари измислување на нови директорски места во царина и така натаму. Буџетот има пари, но платите не се приоритет“, рече Филипче.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Филипче доживеал фијаско на денешниот протест, бидејќи не го поддржале ниту членовите, камо ли народот.

„Кој го излизга Филипче со идејата за протест е нешто на кое што треба да си бара одговори самиот. Факт и реалност е дека СДС беа власт до пред 2 месеци, тие ги имаа сите можности да ги зголемат платите на наставниците и тоа не го направија. Наставниците знаат дека од СДС се лицемерни. Наставниот кадар не наседна на политиканството на СДС. Кога СДС беа на власт платите доцнеа, направија хаос со програмите, ги деградираа наставниците“, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов.

Министерката за образование порача дека претходната власт буџетот го оставила празен и не предвидела пари ниту за редовна исплата на платите, не пак за зголемување. Овој месец наставниците ќе го добијат септемвриското нивелирање согласно Законот од 0,5%. Со буџетот за следната година ќе бидат предвидени пари за поголема корекција на платите.

„Сосема е разбирливо дека наставниците се во право, тие си ги бараат и бранат своите права и целосно застанувам на нивна страна. Апелирам, да издржиме краток период и заедно да ја пребродиме кризата која е резултат на лошото и несовесно менаџирање на парите од претходното раководство“, изјави Јаневска.

Јаневска вели дека е подготвена за средби и дијалог со Синдикатот, за да се изнајде решение во наредниот период.

Веднаш откако излезе најавата за денешниот партиски собир на наставници, реагираше и Синдикатот за образование наука и култура дека се оградуваат од какви било политички активности. Првиот човек на СОНК Јаким Неделков вели дека немаат донесено одлука за порадикални мерки како протести или штрајк и дека ќе бидат конструктивни како социјални партнери. Очекуваат до средината на септември да се заокружат преговорите во однос на зголемувањето на платите.

Тоа што сите во јавниот сектор го добија во мартовската плата 2024 година, а тоа е усогласувањето на платите согласно закон со минимална плата, СОНК или просветните работници го добиваат во септември што значи во законскиот рок од март до септември односно во рок од шест месеци треба да се усогласиме и очекувањата на сите вработени во дејноста образование е да се покачат платите или да се усогласат што е поточно“, вели Неделков во интервју за Радио Слободна Европа.

Во моментов, како што вели Неделков, основната плата на наставниците, без никакви додатоци во основното образование е околу 33 500 денари во средното е 34 600 денари.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста