Скринингот остана на зборови, засега уште една најава за најава

Бројот на заразени од коронавирус во земјава надмина две илјади, рестриктивните мерки се олабавија ама долго најавуваниот засилен скрининг  остана само празно ветување. Од Центарот за јавно здравје уверуваат дека се е под контрола. Првиот човек на оваа институција Зибери за Алфа се правда, скринингот во градинките тече навремено, ама здравствените работници, таксистите, возачите на автобуси, полицајците  и вработените на шалтер уште ќе чекаат да го поминат филтерот на тестирање.

Како ќе ги добиеме ние списоците од овие компаниите, ние одма ќе почнеме со нивното тестирање. Уште немаме списоци и нема точна одлука на Комисијата за заразни болести кои ќе бидат тестирани следни” – вели Арбен Зибери директор на Центар за јавно здравје.

Скринингот  на вработените во градинките се предвидува да заврши за една недела. Зибери ветува дека со отворање на вратите на градинките родителите ќе бидат поспокојни.

Сите вработени во градинките  што ќе добијат решение за работа ќе бидат сигурни дека нивните деца ќе бидат безбедни.И работата на градинките нема да биде како што беа порано.”- вели Арбен Зибери директор на Центар за јавно здравје.

Сепак, анкетите покажуваат дека голем дел од родителите немаат доверба да ги пуштат своите деца во градинка.

Од Комисијата за заразни болести синоќа повторно го најавија поширокот скрининг на населението кој ќе опфати 10 илјади тестирања. Инаку досега во десетдневниот скрининг тестирани се околу 1.100 негователки, од кои има еден позитивен случај во Скопје и еден во Битола. Зибери меѓудругото потврди дека од утре почнува скрингот на вработените во Центарот за јавно здравје.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста