Скратено работно време ќе значи клуч на врата за охридските угостителски објекти

Скратувањето на работното време на угостителските објекти до 21 часот е неиздржана мерка која ќе биде погубна за угостителите и катастрофално ќе се одрази врз угоститетелкиот сектор ставајќи ги во незавидна состојба од 500 до 1.000 луѓе кои ќе станат без работа.

  • Мислам дека 60 % од угостителските објекти на територија на општините Охрид и Струга ќе ги затворат своите капацитети, скроз.Немаме сретства, ги намаливме платите за 50 %.Почнавме веќе да отпуштаме не сме веќе ликвидни, не знаеме како да ги платиме парите кон добавувачите, кон институциите на системот-рече Томе Тримчев-угостител.

Новите мерки нема да ги дадат очекуваните резултати,со намалување на обемот на работа на угостителските објекти нема да се спречи ширењето на заразата.Бројкте на новозаболени растат, причината за тоа треба да се бара на друго место, а не во угостителскитот сектор-велат во револт угостителите.

Ние како сектор сме дури и уплашени дека тука нема ни да застане, сметаме дека најверојанто следните чекори ќе бидат уште поригорозни во работењето,ако не и целосно затворање на објектите-вели Михаил Мишев-еснаф на угостители.

Туристички Охрид и без ваквото ограничување на работното време, е празен град,но се’ до сега наоѓавме начини како да опстоиме и да ги задржиме вработените.Во угостителските локали највеќе се почитуваат мерките, велат угостителите,оти се води и најголема котрола, но и покрај тоа-нашиот сектор највеќе трпи.

  • Ние за мерките дознаваме од медиумите како угостители досега никој не не’ контактирал , никој не побарал мислење- рече Антонио Наумоски-угостител.

Со вакво работење ќе не принудат и самите да затвориме, оти не се издржува.Од почеток на корана кризата до сега претпевме милионски загуби, но заради несовесното однесување на поедници трпи целата фела.Или нека се донесат крајно ригорозни мерки, или нека ги олабават веќе донесените оти вака не бива. Ваквите ограничувања на работното време не важат за казината и кладилниците оти носат профит за државата-реагираат угостителите кои на маката знаат и да се пошегуваат.Прашуваат во колку часот доаѓа короната  на кафе или пиво или можеби на вечера во угостителските објекти,за да знаат да ја пречекаат подготвени ако треба и со скафандери!?

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста