„Сковин“ со партнери од Сингапур ќе го пробива македонското вино на странските пазари

Со партнери од Сингапур до засилено освојување на странскиот пазар. И покрај силниот удар од пандемијата, македонските винарии ги промовираат своите производи на во Европа и ширум светот, со цел работниците да ги задржат работните места.

Винаријата „Сковин“ која пред неполна година примами инвеститор од Сингапур преку посебен холдинг, ќе го засилува производството, но и присуството на странските пазари. Винаријата во моментов работи на развивање и унапредување на своите производи. Винарската визба е со капацитет од 17,5 милиони литри вино, кое го пласира на 18 светски пазари, на 5 континенти.

  • Оваа македонска приказна за квалитетното македонско вино ја препознаа и нашите пријатели од Сингапур кои решија да инвестираат во овој божествен напиток. За таа цел е формирана Балкан Холдингс ПТЕ. ЛТД во Сингапур, која што пред една година го купи асетсот и правата на брендот „Сковин“ продолжувајќи ја вековната традиција на производство на вино од Скопското виногорје, традиција која датира уште од древниот Рим. „Сковин“ во моментов е во период на интензивно развивање и унапредување. „Сковин“ како најголема скопска винарија е винарска визба со капацитет од 17,5 милиони литри вино, коe гo пласира на 18 светски пазари, на 5 континенти. Вината имаат добиено 53 меѓународни награди и признанија за квалитет на многубројни вински саеми и фестивали, а годинава се стекна и со признанието Супербренд на Македонија, рече Александар Тренчевски, генерален директор на винарија „Сковин“.

Ваквиот тип на промоции е од особено значење за градење на препознатливност на македонските вина, а со тоа обезбедување на влез и поголем удел на пазарот. Широката палета на производи опфаќа над 24 различни типови на вина, преку препознатлива амбалажа.

  • Во делот на вината застапена е со различни типови на квалитет на вина, почнувајќи од трпезни вина, вина со стандарден квалитет наменети за пошироката публика и секако, она што е круна, е палетата на висококвалитетни и врвни вина. Цел ни е да оваа палета на висококвалитетни и врвни вина се повеќе ја прошируваме. Тука би ги издвоила најпрепознатливите и први врвни вина воопшто на македонскиот пазар, а тоа се Вранецот Марков Манастир и Скупи куве. Најнови високо квалитетни вина се Кратошија, Пино ноар и Санџовезе. Во делот на ракиите продолжуваме со двата наши најпознати бренда Жолта ракија на Сковин, која во многу скоро време ќе се ребрендира во Жолта ракија – Скупи и секако дел од нашата програма е добро познатата ракијата Марков Манастир, рече Венера Гелебешева Крстиќ, главен енолог на винарија „Сковин“.

Русија, Јапонија и Кина се едни од пазарите кои се најбрзорастечки пазари во потрошувачката на вино во последните неколку години, каде постои голем потенцијал за пласман на македонското вино и градење на брендот на македонското вино во шише. Македонските вина можат да се најдат можат да се најдат и во Австралија, Канада, Сингапур и САД.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста