Скопската полиција уапси силувач, се криел една година во планина

На недостапен терен, сред густа шума, во импровизиран шатор овде една година се криел 49-годиишен скопјенец кој кумановската полиција цела година го барала како осомничен дека ја силувал сопствената ќерка.Густата шума над Сарај меѓу скопските села Паничари и Букович била негово прибежиште. Овде осомничениот живеел но за него вече познат терен бидејчи истиот според нашите извори бил роден во селото Ласкарци што е во близина на Сарај.

Силувачот за да преживее често пати се симнувал во Сарај за да обзбеди храна дознава Алфа од извори кои учествувале во истрагата, но не ретко и кредел. Скопската полиција на трага да го лоцира крадецот почнала да собира информации за истиот и спровели акција рано утринава околу 4 часот.

Според податоците од полицијата осомничениот се бара со потерница за извршено кривично дело полов напад на дете кое не наполнило 14 години за што е предвидена затворска казна од најмалку 12 односно 15 години.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста