Скопје во последните часа од 2020, кафе баровите без посебна новогодишна еуфорија

Мирно, и без некоја посебна новогодишна еуфорија, ваква е атмосферата во добар дел од угостителските објекти во главниот град. Ги нема традиционалните забави во рестораните и кафулињата со жива музика, ниту пак гужвите меѓу масите како минатите години. Овој ден ќе се памети како најтежок ден за дочек на Новата Година, велат угостителите.

Во локалите кои ги посети екипата на Алфа, се почитуваа мерките за заштита, и на една маса седеа по 4-ца гости.

Според угостителите, периодот што следи ќе биде уште потежок и дел од сопсвениците на локалите ќе бидат принудени да затворат.

Имаше и ресторани и кафулиња низ главниот град кои беа полупразни.

Угостителите денеска вратите од локалите ќе ги затворат во 18 часот. Овие рестриктивни мерки за објектите ќе траат до 21 јануари, со цел да се избегне ширењето на корона вирусот и зголемување на бројот на новозаразени.

Без некоја посебна новогодишна атмосфера ја испраќаме 2020 година. Сите се надеваат дека 2021 ќе биде многу подобра од оваа во заминување, со многу здравје и спас од пандемијата.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста