Скопје денеска е трет најзагаден град во светот

Денеска токсично во Скопје. Мерните станици со алармантни предупредувања.. Граѓаните алармираат и се жалат на здравствени проблеми, велат дека поради загадениот воздух тешко дишат.

Мерните станици во речиси сите скопски општини и денеска се длабоко во црвено. Најтоксично е кај Ректорат, Гази Баба, Ѓорче Петров, а зад него е Карпош.

Во воздухот во Центар е забележано високо ниво на азот диоксид, сулфур диоксид и јаглерод моноксид. Она што допиолнително загрижува е тоа што високата загаденост е во период кога во Скопје и во останатите делови од државата времето е врнелжливо, што напротив би требало да донесе прочистување.

Загадувањето како хроничен проблем не го реши ниту оваа власт која во сите програми овој проблем го стави на приоритетно место.

Надлежните се правдаат дека носат мерки, но тие се главно козметички и без позначителни ефекти, граѓаните постојано протестираат и бараат да не бидат замајувани дека нешто се прави.

Демонстрантите добија епитет зелена револуција, и новиот протест го закажаа за наредниот петок.

Паралелно со високо загадениот воздух, Македонија падна за 12 позиции на индексот на најздрави нации во светот, со што се најде на 56 –то место, а последно во регионот.

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста