Скопје тоне во смог и магла, висока загаденост и во други градови, граѓаните бесни

Иако главниот град тоне во смог и магла, власта не презема никакви мерки за справување со загаденоста во Скопје. Енормното загадување активираше мерки за жителите во Куманово, Тетово и Кавадарци постари од 60 години, како и бремените жени и лицата коишто спаѓаат во загрозени групи. Се препорачува и работењето на отворено да се ограничи за периодот од 11 до 17 часот, а државните институции до 50% да ја намалат употребата на службените возила.

Дека состојбата со отровниот воздух е и повеќе од неподнослива реагираат и пумолозите. Велат, граѓаните кои немаат итна потреба да не излегуваат надвор, зашто отровниот воздух ги напаѓа сите органи, иако државата е немоќна да помогне во справување со загаденоста.

  • Вли­ја­ни­е­то на за­га­ду­ва­ње­то на воздухот многу влијае врз здравјето на луѓето. Мно­гу штет­ни ма­те­рии се та­ло­жат во органите на луѓето при вдишување на воздухот надвор кога е енормно загадено. За­ед­но со де­ца­та и во­зрас­ни­те лу­ѓе, бре­ме­ни­те же­ни се нај­чув­стви­тел­на­та гру­па во за­ед­ни­ца­та. Пло­дот што го но­сат е во по­сто­јан раз­вој и штет­ни­те аген­си од око­ли­на­та нај­сил­но се чув­ству­ва­ат ток­му кај не­ро­де­ни­те де­ца. Дали државата прави доволно не можам да кажам, но ако прави тоа ќе се види, а надвор се гледа само страшна слика, ве­ли д-р. Деска Димитриевска.

Граѓаните алармираат дека е неподносливо, но тоа никако да стигне до власта која вели дека работеле на случајот. Тие се жалат дека државата ништо не правела за работите да мрднат кон подобро. Велат, тешко на народот кој е оставен сам на себе. 

  • Ова е катастрофално. Мислам дека властите мора под итно нешто да преземат нешто ако сакаме барем малку да живееме како што треба. Ако вака продолжат и ако си гледаат само за себе, мислам дека нема далеку да одиме. И пандемија и загадување, мислам дека ќе биде многу лошо, велат граѓаните.

Вака изгледаше Скопје доцна синоќа каде отровните ПМ10 честички изнесуваа 400 микрограми на метар кубен, што е неколку пати над дозволеното. Само во изминатото деноноќие најкритично беше во Центар, потоа во Аеродром, Гази Баба, Карпош и во Лисиче. (инсерти со бројките).

Освен во Скопје, висока концентрација на загаденост имаше и во другите градови. Мерните станици регистрираа високи вредности на загадување во Кавадарци, каде беа измерени дури 680 микрограми на кубен метар ПМ10 честички. Ништо подобро не беше ниту во Струмица со 438, по што следуваат и Битола, Велес, Штип.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста